Таа предвиде многу работи кои се остварија




Знаејќи дека многу од нејзините пророштва не се оствариле, она што и понатаму и дава углед се некои големи настани кои се случиле во минатото, а кои оваа јасновитка, како што многумина веруваат, успеала да ги предвиди.
Баба Ванѓа почина пред 26 години, но своите наводни предвидувања за секоја година ги остави до 5079 година, кога според неа, ќе дојде крајот на светот. Малкумина знаат што прорекла Вангелија Пандева Димитрова, Баба Ванѓа пред нејзината смрт, а тоа се однесува на целото човештво.




Видовитата жена, која ослепела на 12 години, последните години од животот живеела во бугарското село Рупите, бидејќи оваа област ја сметала за извор на енергија.
Баба Ванѓа почина на 11 август 1996 година, а пред нејзината смрт испрати важна порака до идните генерации. Нејзините последни зборови биле:




„Ќе дојде време на чуда кога науката ќе направи големи откритија во областа на нематеријалното“, рекла таа.
Во моментот кога починала, се случило нешто малку страшно… Точно во 9 часот и 20 минути кога оваа пророчица го напуштила овој свет, стрелките на ѕидот од нејзината соба престанале.






