ВЕНЕРА Е ВО РИБИ ДО 2 МАЈ – ТОА НОСИ БРАН НА ЉУБОВ: Кој ќе го остави минатото зад себе, а на кој ќе му се насмевне нова врска

Венера влегува во Риби на 5 април и ќе остане во овој знак до 2 мај – еве како тоа ќе влијае на хороскопските знаци

Венера го напушта знакот Водолија на 5 април и влегува во знакот Риби каде ќе остане до 2 мај. Доаѓа времето на романса и екстаза, бидејќи Венера ја буди имагинацијата, нè поттикнува да сонуваме, да замислуваме.

Под нејзино влијание ќе бараме изговори зошто остануваме таму каде што сме, иако можеби не сме задоволни. На многумина ќе им се чини дека е подобро да се биде таму каде што се отколку да се биде сам.

Венера во Риби го носи крајот на старите и почетокот на новите врски бидејќи овој транзит завршува еден циклус. Го оставаме минатото зад себе!

Но, пред да преминеме на другата страна, се враќаме назад. Се среќаваме со поранешната љубов, размислуваме што оставаме зад себе, што се случило, зошто се случило… Оваа анализа е можност да си ги залечиме раните од минатото.

Кога ќе дојдат новите почетоци, тие најпрво ќе бидат обвиени со превез на тајност, затоа што сè уште нема да бидеме подготвени да ги дефинираме, да излеземе во јавноста. Ќе почувствуваме наплив на возбуда, ентузијазам, ќе бидеме обземени од чувства.

Ќе имаме чувство дека најдовме љубов. Сепак, тоа не е љубов, туку заљубеност, па дури кога ќе стивнат чувствата и тој ентузијазам од почеток, ќе видиме до каде сме со оваа приказна и кој ни стои на патот.

За време на овој транзит, може да нè привлече некоја зафатена или емотивно недостапна личност, некој кој претходно бил повреден, кој го носи товарот на необјаснетите врски од блиското минато, па се чувствуваме повикани да го спасиме, што има своја цена.

Но, со оваа Венера во Риби може да ни се случи прекрасно љубовно искуство кое ќе не излечи, ќе ни го подобри животот. Наше е да избереме – дали го избираме она што не исполнува и ја враќа вербата во љубовта или што не исцрпува и празни?

Позитивните карактеристики на ова влијание се безусловна љубов, емпатија, нежност, романтични средби, грижа, интуиција, несебично давање. Негативните влијанија доведуваат до негирање, прекумерна жртва, вина, заблуда и илузија.

Кога оваа Венера ќе се сретне со Нептун (28 април) и Јупитер на 30 април, во периодот околу овие датуми можеме да очекуваме некои важни средби и промени во однос на меѓучовечките односи.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...