Како ѕвездите ни се во прилог за време на викендот




Овен
За време на викендот имате можност да ги завршите започнатите проекти и да ја започнете работната недела свежо. Бидете трпеливи, трудот ќе се исплати.
Бик
Ве очекува разговор кој може да биде непријатен. Но, одвојте време да размислите и да ги решите несогласувањата на убав начин.




Близнаци
Наградата за трудот што сте го вложиле цела недела би можела да пристигне овој викенд. Најдете време за себе и уживајте во вашите достигнувања.
Рак
Ќе бидете слаткоречиви, а расположението ви е на високо ниво. Опкружете се со позитивни луѓе и уживајте во деновите кога не сте на работа.




Лав
Лавовите размислуваат за промена на работното место овој викенд. Ситуацијата не е поволна. Почекајте да постигнете подобри финансиски услови.
Девица
Можни проблеми во љубовните врски за Девиците. Не реагирајте на првото незадоволство, туку почекајте ситуацијата да се „среди“.




Вага
Останете реални, илузиите би можеле да ве потресат. Ова е идеален период за внимателно размислување за следните чекори.
Скорпија
Можеби се прашувате дали сте направиле нешто погрешно, што би предизвикало и приватни и деловни стравови. Останете присебни и фокусирајте се на добрите работи.




Стрелец
Ќе ви се наметнат туѓите мислења. Вести поврзани со работата би можеле да ве очекуваат, но надминете ја суетата и прифатете ги советите на колегите.
Јарец
Ќе бидете на неколку страни, што може да доведе до тоа да не знаете на што да се посветите. Следете го чувството и не размислувајте за негативното.




Водолија
Игнорирајте ги злонамерните коментари од околината. Тоа се луѓе чии интереси немаат никаква врска со вашите, па затоа нивните мислења не ви значат многу.
Риби
Доаѓате до момент кога се прашувате дали ќе посветите помалку време на вашиот приватен или деловен живот. Сепак, вашите идеи и способност за брзо и реално размислување ќе ви покажат што е најдобро за вас во таа ситуација.






