Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот хороскопски знак за викендот од 24 до 27 март 2023 година!




Овен – Ова е моментот да се пофалите, да верувате во себе и да целите високо. Слободно пофалете се со вашите успеси, вие тоа го заслужувате! Избегнувајте лоши луѓе овој викенд, бидејќи тие нема да влијаат добро на вас.
Бик – Знаете дека има ситуации кога е подобро да се смирите и да останете незабележителни.




Оваа стратегија може да ви помогне и овој викенд, освен ако не сте подготвени да го свртите животот наопаку. Се зависи од вашата самодоверба и храброст.
Близнаци – Можеби имате некои сознанија за тоа што другите луѓе мислат и прават, но во никој случај не ја знаете целата вистина.




Викендов може да биде поволен за патување – сигурно ќе биде подобро отколку што очекувате. Може да се случи и неочекувана средба и подобрување на односите со партнерот.
Рак – Можеби е корисно да ги поддржувате децата и помладите во вашето семејство. Овој викенд може да биде обележан и со вашето однесување, на кое ќе влијаат некои одамна заборавени настани и спомени.




Лав – Имате големо влијание врз луѓето, затоа направете свесен избор за да бидете што попозитивни овој викенд – поттикнете ги и дајте им чувство на надеж. Можеби и вие самите нема да бидете така расположени, но обидете се, ќе биде добро и за вас.
Девица – Имате стравови и сомнежи и единствено решение е практична акција. Ќе ви биде корисно и да се одморите малку за време на викендот, да сонувате и да планирате како да ги постигнете вашите цели.




Вага – Оваа недела ви беше одлична, па продолжува и во викендот. Ги решивте старите спорови и ве чека прекрасно време поминато со семејството и пријателите. Постои можност за романса! Беше напорна недела затоа искористете го викендот за одмор.
Скорпија – Неделата зад вас беше полна со предизвици: пари, кариера, врски… Но, доаѓаат подобри времиња, не се откажувајте!




Стрелец – Обрнете внимание на пошироката слика. За Стрелците кои се во врска, тоа беше недела со предизвик, а предизвиците продолжуваат и за време на викендот. Грижете се за вашето здравје: спијте доволно и хранете се поздраво!
Јарец – Следните неколку недели би можеле да донесат многу изненадувања, па искористете го овој викенд за одмор. Уживај во моментот. Може да има трошоци поврзани со куќата.




Водолија – Треба да ги оставите на страна вашите интереси за некое време и да се посветите на луѓето што ги сакате. Може да има недоразбирања во комуникацијата – обрнете внимание.
Риби – Се чини дека другите ве земаат здраво за готово. Можеби е време јасно да објасните како се чувствувате!



