Влијанието на Сатурн во Бик и Марс во Водолија најмногу ќе го почувствуваме на 7 и 8 август. Еве што ни носат овие аспекти!




Влијанието на предизвикувачкиот аспект на Сатурн во Бик и Марс во Водолија најмногу ќе го почувствуваме на 7 и 8 август, но и во наредните денови. Сè од што одложуваме или бегаме поради страв, овој аспект ќе ни открие црно на бело.
Немаме повеќе простор за изговори! Се гледаме јасно преку конфликти со другите. Каде се ограничуваме? Дали се осмелуваме да се бориме за себе? Зошто мислиме дека треба да ја наведнеме главата, наместо храбро да стоиме зад она во што веруваме?




Можеби ќе загубиме, но тоа е само ослободување од она што и онака веќе не е добро за нас. Односите со постарите луѓе и авторитетите може да бидат понапорни.
Сатурн го блокира дејството на Марс, може да имаме впечаток дека сме парализирани или дека не сме на ниво на ситуацијата, па лесно се откажуваме од се или се одложуваме за подоцна.




А суштината е упорноста, дисциплината и доследноста, и покрај се и секого. Ослободете го гневот, канализирајте го преку медитација, вежбање, престој во природа, се што ви треба во тој момент.
Обрнете внимание на вратот, грлото, цервикалниот ‘рбет и колената. Најдете што ве мотивира. Ако не го гледате во моментов, не се откажувајте. Продолжете да се обидувате да се фокусирате на позитивното, а не на проблемите.






