Едноставна и многу интересна техника за боење јајца која ќе ве воодушеви со резултатот.




За да постигнете уште поубава боја на велигденските јајца, задолжително пробајте го познатиот трик со алуминиумска фолија кој го зафати интернетот во последните години.
Ќе ви биде потребно:
- алуминиумска фолија
- бои за јајца
- алкохолен оцет




Постапка
Алуминиумската фолија малку стуткајте ја, исправете ја и во неа завиткајте ги добро сварените јајца. Истурете ја бојата од кесичката во сад, а потоа додадете една до две лажици оцет и прелијте со вода.
Добро измешајте за да се раствори бојата. Потопете ги завитканите јајца во изматената боја, па оставете ги да отстојат околу половина час.




Откако ќе ги извадите јајцата, одвиткајте ја фолијата. Резултатот ќе биде: прекрасни мермерни јајца! Погледнете како тоа изгледа во следното видео.



