Нашата православна црква денеска го празнува светиот свештеномаченик Теодот. Свештеномаченикот Теодот бил епископ Киринejски во Кипар.




Поради својата мудрост и доблест бил избран за епископ и со љубов и ревност управувал со Црквата. Но, кога во времето на императорот Ликиниј започнало гонењето на христијаните, Теодот беше изведен на суд и мачен.
Кога маченикот Савин го советувал да се одрече од Христа и да се поклонува на паганските идоли, Теодот одговорил: „Да би ја знаел добрината на мојот Бог, на кој јас се надевам, дека поради овие краткотрајни маки ќе ме удостои со вечен живот и ти ќе посакаш за него да страдаш вака како мене“.




Му ударале клинци по телото, а тој се молел на Бога со благодарност; па мислејќи дека му се ближи крајот, ги советувал и поучувал христијаните што биле околу него.
Меѓутоа, во тоа време царот Константин им прогласил слобода на христијаните и наредил ослободување на сите на кои им се судело заради Христа. Во тоа време и овој светител бил ослободен, исцрпен се вратил на функцијата во Киринија и живеел уште две години. Починал во 302 година.




Нашата православна црква го слави на 2 март според Јулијанскиот календар, а на 15 март според Грегоријанскиот календар.


