Денес, 12 октомври 2022 година, ќе биде еден од најповолните денови во овој месец, благодарение на спротивставувањето на Меркур и Јупитер. Еве што им носи овој аспект на хороскопските знаци




Денес, 12 октомври, е еден од најповолните денови во октомври, благодарение на спротивставувањето на Меркур и Јупитер. Тие ќе бидат ваши водичи до среќата денес! Еве како хороскопските знаци максимално го користат овој аспект:
Направете врски
Денеска не е добро да се повлечете во себе. Меркур зајакнува, што дефинитивно треба да се искористи, а најдобро ќе го направите ако поминувате што повеќе време со саканата личност или пријателите, роднините.




Бидете отворени и искрени, ако има некаков проблем или недоразбирање, сега е време да го решите, да побарате прошка или да се извините. Признајте ги вашите грешки, доколку ги имате.
Тоа ќе ви помогне да го зајакнете вашето пријателство или вашата врска. Ако сте слободни, ова е одлично време да запознаете некој нов, да ја земете личноста која ви се допаѓа на состанок. Слободно флертувајте, оставете ја вашата страст да блесне.




Слушајте ја вашата интуиција
Шестото сетило ќе ни биде изострено на сите поради поволното влијание на Јупитер. Оваа планета ќе не направи помудри, попаметни и ќе ни овозможи подобро да се поврземе со енергетските текови на Универзумот. Денес ќе ни биде полесно да носиме одлуки, особено најтешките.
Докажете се
Денес можете да блеснете и да се докажувате, но не ги спуштајте другите луѓе за да се воздигнете. Покажете се со своите знаења и способности, но хумано, колегијално и ненаметливо.




Астролозите ве советуваат да оставите впечаток со добри дела. Посветете се на работата, денот е одличен за постигнување успех.


