Младата Месечина на 28 јуни 2022 година ќе биде во соѕвездието Рак. Како и секогаш, тоа носи нови почетоци. Еве што ќе научиме периодов и на што треба да посветиме посебно внимание.




Кога последен пат си дозволивте да се опуштите, да уживате без грижа на совест, да не се мачите како околината ќе реагира на тоа? Дали некогаш сте се обиделе да се грижите за себе како што грижлив родител се грижи за своето дете?
Младата месечина во Рак, која започнува денес на 28 јуни, ќе ни помогне да кажеме убедливо „не“ на се што не е добро за нас. Младата месечина е симбол на крајот и нов почеток. Не обземаат силни емоции и поттикнуваат се да излезе на површина.




Да се покажеме. Затоа слободно изразете ги вашите чувства. Бидете лути ако се чувствувате така. Смејте се до солзи ако сакате да се смеете. Плачете ако сте тажни.
Имате право на тоа, на себе. И бидете нежни со себе. Време е за нежен однос со себе, длабок, интимен, полн со разбирање и прифаќање.




Енергијата на оваа млада Месечина може да извади на површина теми поврзани со домот, домувањето, родителството, нашата родителска улога, но и ни дава можност да се исчистиме од наследените ставови од минатото, како и да залечиме некои стари рани.
За време на оваа нова Месечина, време е да се ослободите од туѓите товари. Исклучете го умот. Запрашајте се – што ви треба најмногу сега? Посакајте нешто за себе и останете во тоа чувство. Живејте!






