Го сакал Христа повеќе од се на светот




Свети Тома Малеин е христијански светец и подвижник. Пред сè, тој бил војвода кој се прославил по својата храброст и богатство. Бил многу крупен и на тој начин ги заплашувал своите непријатели.
Според христијанското предание, кога Го засакал Христа повеќе од светот и сè во светот, оставил сè и се повлекол во пустината, каде што се замонашил. Му се јавил светиот пророк Илија и го однел на планината наречена Малеа, на Света Гора.




Според христијанското предание таму живеел, сам, само со Бога, во дневна и ноќна молитва. Иако се криел од светот, не можел да се сокрие.
Кога дознале за светоста на неговиот живот, луѓето почнале да доаѓаат кај него и да ги носат своите болни. Христијаните веруваат дека свети Тома ги лекува луѓето од секоја болест и ги избавува од секоја неволја.




На чудесен начин ја излекувал секоја болест, на слепите им давал вид, на сакатите им ја враќал способноста за право и лесно одење; и на безводно место со молитва извлекол извор на вода.
Стоејќи на молитва, преподобниот светнал како огнен столб, кој од голема далечина го гледале луѓе со прочистен разум. Преподобниот Тома направил многу чуда, не само за време на својот живот на земјата, туку и по неговото предавање на Бога.




Неговите свети моќи создавале чуда: луѓето кои доаѓале со вера добивале исцеление многу брзо на натприроден начин од секакви неволји и неизлечиви болести, а од лудило – со неговите свети молитви. Тој починал во 10 век.
Православната црква го празнува на 20ти јули.




Молитва
Боже отец наш, постапувај со нас секогаш според Твојата кротост, не оставај нè со Твојата милост, туку уредувај го нашиот живот во мир со нивните молитви.


