Хељдата е една од најздравите намирници која може да ви помогне да изгубите и до 10 килограми на сосема здрав начин.




Во морето на различни диети тешко е да се избере вистинската, додека има се повеќе нездрави кои доведуваат до гладување без да дадат позитивни резултати.
Една од поздравите намирници, која е одличен сојузник кога станува збор за губење тежина, е хељдата. Конзумирањето каша од хељда, која се смета за еден од најздравите оброци, може да донесе неверојатни резултати.




Освен што помага при слабеење, нејзиното лековито дејство е докажано и за бројни здравствени проблеми. Бидејќи ја подобрува меморијата, хељдата се нарекува и идеална храна за мозокот.
Чајот од цвет од хељда има лековито дејство на органите за дишење и белите дробови (кашлица, флегма, катара), а мешавината од листови и цветови од хељда ја третира атеросклероза на крвните садови.




Како што напоменавме, таа е особено важна во слабеењето, а диетата која се базира на конзумирање на оваа намирница после 2 недели може да доведе до губење од 7 до 10 килограми, а во исто време да го исчисти телото и да ги одмори желудникот и цревата.
Принцип на исхрана




Навечер зрната прелијте ги со врела вода, исцедете ја водата и повторно прелијте ја со врела вода (1 чаша хељда во зрно – 2 чаши вода). Можете да подготвите 1, 2 или 3 пати, колку што сакате. Пробајте еден, и ќе се прилагодите според вашиот апетит.
Покријте и оставете преку ноќ (не варете). Подготвена е за употреба наутро. Хељда е дозволено да јадете колку сакате, без зачини, сосови и сол (дозволен е само соја сос).




Во текот на денот пијте 1 литар кефир (не повеќе од 1%-1,6%). Пијте вода колку што сакате, но не помалку од 1,5 литри дневно. Можете да пиете и зелен чај со вода.
Дозволено е и кафе, но не повеќе од 2 шолји дневно, без шеќер. Препорачливо е последниот оброк да го имате 4 часа пред спиење. Како и кај секоја диета, се препорачува да се земе мултивитамин.




Во текот на денот, можете да земате овошје и зеленчук (јаболко, портокал, салата од зелка, зелен зеленчук, сливи, лажица мед). Можете да јадете сечкан зелен зеленчук – спанаќ, брокула, бриселско зелје, грашок… Без сол и други зачини.
Диетата со хељда не е гладување, па затоа не треба да чувствувате глад.




Уште една напомена: кога ќе завршите со диетата, не мерете се веднаш, почекајте уште 3-4 дена, па дури потоа стапнете на вагата (бидејќи чистењето на телото продолжува неколку дена, по завршувањето на оваа диета).


