„Летото е подготвено за мене, но јас не сум подготвена за летото“ – колкумина од нас си ја кажаа оваа горко смешна шега додека се гледаа во огледалото со критички поглед кон своето тело?
Лето е и веројатно нема жена во светот која не ја ограничува исхраната барем на минимум за да биде во форма за време на годишниот одмор.
Диетите, без разлика колку добро влијаат на нашиот изглед, понекогаш можат да имаат несомнени последици врз нашиот дигестивен и екскреторен систем. Така, паѓаме во еден парадокс – се храниме поретко, а се чувствуваме повеќе подуени, потечени и потешки.
Детално објаснуваме на што се должи овој парадокс и како да си помогнете:
Подуеност на стомакот
Во зависност од диетата што ја следите, може да имате недостаток или прекумерно внесување влакна. Ова обично се случува кога избегнувате да јадете овошје и житарки бидејќи содржат јаглехидрати. Сепак, покрај фруктозата, овошјето и житарките содржат и многу растителни влакна. Нивната улога е да ја стимулираат работата на цревата и да го исчистат дигестивниот тракт. Кога се во недоволно количество или премногу, тоа го нарушува природниот ритам на телото.
Констипација
Промената во исхраната неизбежно влијае и на честотата на посетите на тоалетот. Ако имате навика да одите секој ден или секој втор ден, за време на диета може да откриете дека минуваат денови пред Вашето тело да сигнализира прочистување.
Може да има неколку причини: недоволно влакна (повторно), недоволна вода и мала количина на внес на храна.
Нашето тело е добро избалансиран систем кој реагира на секое отстапување од нормата. Кога ја менуваме исхраната, мора да бидеме апсолутно сигурни дека не го лишуваме нашето тело од потребните хранливи материи и течности, бидејќи во спротивно ќе одговори со констипација или други непријатности.
Кога следите нискокалорична диета, осигурајте се дека не го подложувате Вашето тело на тешко ограничување и што е најважно – дека пиете доволно вода. Водата е еден од генераторите на губење на тежината, бидејќи го поттикнува метаболизмот.
Покрај урамнотежената исхрана кон која се стремите, можете да вклучите и производи кои ги олеснуваат екскреторните процеси. Таквите додатоци содржат целосно природни екстракти.
Овие природните екстракти се богати со витамини и растителни влакна, и амино киселини, кои учествуваат во балансирање на дигестивниот и екскреторниот систем. Исто така помагаат при нормална перисталтика и интестинален премин, истовремено одржувајќи ја удобноста на цревата. Ваквите производи го одржуваат здравјето на дигестивниот систем, не доведуваат до зависност и може да се земаат за време на диета.