ДОКОЛКУ БОЈАДИСУВАТЕ ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА ВО КРОМИД, ПРОБАЈТЕ ГО ОВОЈ СУПЕР ТРИК: Додадете само една намирница, бојата ќе биде магична!

Нов трик за бојадисување на велигденски јајца во лушпи од кромид – додадете една намирница за понежна нијанса!

Боењето јајца во лушпи од кромид е стар и докажан начин да добиете убави нијанси на природен начин, но сега има нов трик кој ќе ја направи бојата уште помагична.

Додадете само уште една состојка во лушпите од кромидот – доколку сакате уникатна нијанса, тогаш овој трик е токму за вас.

За оваа техника на бојадисување на јајца за Велигден потребни ви се лушпи од кромид, оцет, но и една тајна состојка – а тоа е авокадо.

За да ги обоите јајцата со оваа техника, ќе ви бидат потребни лушпи од 6 главици црвен кромид и две авокадо. Одделете ги лушпите од кромидот и ставете ги во два литра вода.

Излупете го авокадото и кората исечкајте ја на ситно па измешајте ја со лушпите и водата. Авокадото може да се користи за подготовка на намази, за колач или некое друго омилено јадење со оваа храна.

Во водата додадете две лажици оцет и ставете ја на оган. Додека водата не зоврие, јајцата можете да ги украсите со листови од трева на традиционален начин. Натопете јајце, на него „залепете“ лист трева или цвет и ставете го во чорап или газа.

Кога водата ќе зоврие тргнете ја од оган, па во неа ставете ги внимателно јајцата да се варат. По околу 20 минути тргнете ги од оган и оставете ја водата од јајцата да се излади.

После тоа, внимателно извадете ги јајцата и уживајте во оригиналните шари. Целата процедура погледнете ја во видеото подолу!

@the_vintagearian

Leave #🥑 or #🧅 if you like! #coloringeggs #avocado #eggdying #deiy #diy #happyeaster #lightacademia #howto #cottagecore #fyp #sustainableliving #🥚

♬ FANTASTIC MR FOX – miyokonii or amaramation 🥰

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...