Ви ги пренесуваме докажаните најдобри трикови со кои киселата зелка ќе трае со месеци во буре и без точење




Подготовките на зимниците започнаа, а покрај традиционалното подготвување ајвар, речиси секое домаќинство подготвува и кисела зелка. Доколку сте почетник, ви ги пренесуваме сите правила за кисела зелка за зимската зелка да ви биде свежа со месеци:
Наједноставниот рецепт за киселење зелка




На 30 кг зелка се става килограм сол. Се вадат првите листови, на коренот со нож се сече крст и главите се редат во буре.
Со оглед на тоа дека се тркалезни и дека е невозможно уредно да се наредат, неколку главици зелка треба да се исечат на четвртинки и половини и да се пикнат меѓу сите глави за да стојат цврсто сите глави.




Потоа во бурето се истура вода, така што горе е два прста над главите, а одозгора се става дрвен или пластичен туркач.
Трикови за најдобрата кисела зелка:
Луѓето обично ставаат камен или поголема тегла исполнета со вода над преса, и тоа е во ред кога бурето е полно до работ.




Но, ако ви остане простор, ризикувате зелката побрзо да се расипува, поради напливот на воздух. Во овој случај, најдобро е да наполните голема најлонска кеса со вода и да ја ставите над зелката.
Без преточување на расол
За да не ја преливате расолницата, ви го предлагаме следниов трик – на преса или кеса со вода раширете подебела памучна крпа, па на неа ставете повеќе сол. Така, солта полека ќе се раствори и ќе падне на дното на бурето.




Температурата е важна
Додека не се скисели (околу еден месец), зелката мора да стои на собна температура.
Не смее да биде премногу студено. Подоцна зелката треба да се премести на поладно место каде температурата не треба да надминува 5 степени (подрум, гаража…)




Контролирајте ја количината на вода
За време на еден месец при киселењето, количината на вода во бурето треба повремено да се контролира, особено во првите денови.
Зелката не смее да биде без вода, па дополнете ја по потреба. Ако користите камен или тегла, задолжително плакнете ги барем секој втор ден.



