ЕДНА НАМИРНИЦА ПРЕЛИЈТЕ ЈА СО ПРЕВРИЕНА ВОДА И НАПРАВЕТЕ ПРИХРАНА ЗА ЦВЕЌЕТО: Стар рецепт со кој растенијата растат и цветаат!

Направете природно ѓубриво за растенијата – прихрана од која ќе растат, ќе цветаат и ќе се развиваат. Потребна ви е само една намирница која веројатно веќе ја имате во домот…

Доколку се грижите за растенијата во вашиот дом кои го збогатуваат вашиот простор, важно е одвреме-навреме да им ја обезбедувате потребната прихрана, за да бидат здрави, да растат и да се развиваат.

Не мора да купувате вештачко ѓубриво или да користите производи полни со хемикалии, но можете да користите природен компост.

Како да знаете дека на вашите растенија им треба хранење:

  • Запирањето на растот не е поврзано со зимското мирување
  • Претерано издолжени стебла
  • Бледа боја на листовите, нивната тенкост
  • Слабо цветање
  • Знаци на болест: листовите се жолти, паѓаат, имаат дамки

Ако забележите барем еден од овие знаци, време е да ги нахраните цвеќињата. Постојат различни рецепти за природни органски ѓубрива, како оној со лушпи од јајца и кора од банана, како и користење на квасец.

Еден стар рецепт што можеби го користеле вашите баби за да се грижат за цвеќињата е прихрана со кромид. Дополнувањето со лушпи од кромид е богато со микроелементи, ги храни растенијата и го стимулира нивниот раст.

Издробете половина чаша лушпи од кромид и прелијте со литар зовриена вода. Промешајте, покријте и оставете да отстои 3 часа. Откако ќе се излади, добиената течност прелијте ја врз цветовите.

Користете двапати месечно, а потоа повторете кога ќе дојде време за повторно хранење. Лушпите на кромидот содржат магнезиум, калциум, калиум, железо и бакар, минерали кои ќе им помогнат на растенијата да растат, да се развиваат и да цветаат.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...