Техника на манифестација на желби со само 3 збора – запомнете ја оваа животна лекција и сe може да Ви се оствари!




Што би сакале да промените во вашата реалност? Секој има тајни желби внатре, некои од нив се остваруваат, а некои никогаш не излегуваат на површина поради длабоки шеми на размислување како – сакам да ослабам, сакам да се заљубам, да сменам работа, да запознавам нови пријатели, да се преселам во друг град…
Во замислувањето и исполнувањето на вашите желби, можете да користите популарни техники на манифестации, а една од нив е и Ѕвончица. Оваа техника е именувана по магичните самовили од познатата бајка на Петар Пан.




Иако можеби звучи необично, идејата зад оваа техника е дека можете да ја промените реалноста со вашите мисли. Тоа можеме да го објасниме на следниов начин – имаме две реалности, едната е енергична, а другата физичка.
Мислите припаѓаат на енергијата, но ако го засадите семето на добрите мисли, тие ќе никнат и ќе вродат со плод во физичката реалност. За да никне семето, важно е да го посипете со самољубие, верба дека може да се постигне и постапки кои ќе не доближат до целта.




Во оваа техника важни се 3 работи – мисла, верба и активирање. Овие 3 збора јасно покажуваат што треба да направите – конкретно замислете ја желбата, прецизно и јасно, верувајте дека таа е навистина возможна и ќе стане ваша реалност, а потоа е време да преземете акција, да се вклучите во патот на исполнувањето.
Сè друго ќе се погрижи само за себе, но има една работа што мора да ја избегнувате. Сомнежот е единственото нешто што мора да го запре овој процес на ‘ртење.




Тој го задушува семето (нашата желба) и не дозволуваме процесот на ртење да продолжи. Значи, кога постои сомнеж, цветот нема да цвета.
Едноставно кажано, колку повеќе верувате во нешто, толку повеќе тоа ќе стане ваша реалност. Затоа верувајте, верувајте, верувајте – и ќе успеете.






