Пијалак кој е чисто здравје, а има вкус на најубавото слатко!




Смутито е добар избор за првиот утрински оброк, за сите оние кои не се љубители на „тешката“ храна во раните утрински часови и поради тоа можеби го прескокнуваат појадокот кој се смета за најважен оброк во текот на денот.
Доколку не сакате или немате време да го подготвувате појадокот наутро – смутито е вистинското решение за вас, бидејќи ќе ве засити и ќе ви даде повеќе од потребната енергија за почеток на денот. А во исто време, нема да се чувствувате тешко и надуено.
Но, се разбира, не секое смути. Она што треба да го внесете во утринскиот пијалок се храна која е здрава, калорична и која ќе ви обезбеди доволно витамини, минерали и влакна, но и протеини, за да имате снага и енергија за претстојните дневни обврски.




Овој пат ви носиме рецепт за смути кое ги содржи сите состојки кои ви се потребни за вашето тело да биде соодветно наелектризирано до следниот оброк. Се разбира, сите состојки се многу здрави и хранливи.
Рецепт за смути со банана и путер од кикирики:
- Две банани
- чаша бадемово млеко
- две урми
- лажичка органско какао
- лажица путер од кикирики (индустриски необработен)
Подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер и убаво измешајте. Напитокот испијте го веднаш штом го подготвите, бидејќи стоењето ги губи хранливите материи.




Пријатно!


