Стара кинеска дисциплина има правила и кога станува збор за бојата на паричникот. Експертите за фенг шуи сметаат дека овие правила носат среќа и радост во домот, но можат да влијаат и на многу аспекти од животот.




Така дошле до заклучок дека бојата на паричникот може да влијае на тоа дали ги привлекуваме или ги отфрламе парите. Една боја беше издвоена како особено добра, а тоа е зелената.
Според Фенг Шуи, зелениот паричник го зголемува приходот и треба да се носи што е можно почесто. Особено е добро за претприемач, како би можеле полесно да работат и да имаат што поголем бизнис приход.




Едно од правилата на Фенг Шуи е дека важи за сите паричници да бидат уредни, парите да бидат убаво распоредени и да се исфрли се што е излишно.
Зелената боја за паричник е одлична, но црвената никако не е. Според овие правила во паричникот, со оваа боја колку и пари да влезат, брзо и ќе излезат – поточно брзо ќе се потрошат.






