Мушкатлите се едно од омилените цвеќиња што цветаат од пролет до есен.




Штом ќе почне постуденото време, потребно е да се внесат внатре и да се обезбедат услови за периодот на мирување. Еве како можете да ги зачувате мушкатлите во текот на зимата.
Цело лето ни ја украсуваат терасата, а многу од нив продолжуваат да цветаат иако есента веќе започна. Како повеќегодишно растение, мушкатлата може да презимува и повторно да процвета на пролет со своите прекрасни цветови, но само ако се внесе внатре.




Пред да ги внесете, ослободете ги од сувите, но и здрави цветови, како и сувите лисја за да не одземаат енергија од растението. За да успеете да ги зачувате овие цвеќиња, неопходно е да им се обезбедат соодветни услови…
Ставете ги во просторија каде што температурата е помеѓу 5 и 12 Целзиусови степени и има природна светлина. Во текот на зимата тие се во период на мирување, а ако ги ставите во топла и темна просторија, ќе се појават тенки и бледи ластари.




Тие не се добар знак, напротив, го исцрпуваат растението, па напролет ќе биде слабо и многу тешко ќе закрепне.
Колку се наводнува?
За време на „зимскиот сон“ на мушкатлите не им треба многу вода – повремено се полеваат. Доволно е еднаш на секои две недели или дури еднаш месечно.




Што се однесува до хранењето, нема потреба од тоа до март, бидејќи растението е во фаза на мирување и одмор.
Што треба да се направи кога ќе дојде пролетта?
Кога ќе дојде пролетта, тие треба да се закројат, со скратување на врвовите и наводнување на растението. Не ставајте го веднаш на директна сончева светлина.




Дајте му неколку дена на растението постепено да се прилагоди на новите услови. По три недели потребно е да се пресади, редовно да се полева и по потреба да се храни со соодветни ѓубрива кои можете сами да ги направите.
Ѓубривото може да се направи и од природни, еколошки состојки кои не ја загадуваат природната средина, а ќе му помогнат на растението да расте побрзо.



