Силниот имунолошки систем подразбира целосна детоксикација на организмот




Силниот имунолошки систем му овозможува на нашето тело секојдневно да врши детоксикација од нуспроизводите на метаболизмот и варењето, загадувањето кое стигнува до крвта преку воздухот, адитиви кои ги внесуваме преку храната.
Црниот дроб, бубрезите и дел од кожата се одговорни за функцијата за детоксикација, бидејќи штетните производи се излачуваат преку потта.




Седумдневен план за детоксикација
Веднаш по станувањето подгответе чаша топла вода во која претходно сте исцедиле половина лимон и испијте ја.
Пред спиење, конзумирајте чаша вода со една кафена лажичка глина и една лажичка мелено ленено семе.




Прв ден: Јадете кое било овошје освен бананите. Препорачани се јаболка, мандарини, круши, портокали, грејпфрут и киви. Овошјето, без разлика дали е свежо или конзервирано, ќе му ги обезбеди на телото сите потребни хранливи материи.
Ден 2: Можете да јадете секаков вид зеленчук, варен или сиров, во количини што ги сакате. За вечера, подгответе еден голем печен компир со парче путер. Зеленчукот ќе ви ги даде сите хранливи материи и влакна што ви се потребни.




Ден 3: Можете да јадете секакво овошје и зеленчук, освен банани и компири, колку што сакате. Немојте да се изненадите ако ви се појави желба за храна бидејќи таа ќе почне да слабее следниот ден.
Ден 4: Можете да јадете до осум банани и да пиете три чаши млеко, а дозволена е и супа од зеленчук. Бананите служат за надоместување на изгубените калиум и натриум.




Ден 5: Можете да јадете до 600 гр говедско месо и 6 парчиња домат. Зголемете го внесот на вода. Од говедското месо ќе внесувате железо и протеини, а од доматите витамини и влакна.
Ден 6: Говедско месо и зеленчук во неограничени количини.




Ден 7: Денес можете да јадете интегрален ориз, секаков вид зеленчук и да пиете незасладени овошни сокови.


