Рецепт за индиски наан леб од тава со додаток на лук, див лук или спанаќ – рецепт за пециво што може да го замени обичниот леб, а можете да го користите и како тортиља!




Наан е вид на индиски леб кој се пече на тава. Се прави со малку состојки и многу едноставно. Речиси секогаш го имам во веганска варијанта, пишува фудблогерката Кристина Ѓорѓевиќ, вегетаријанец во кујната.
Иако сезоната на див лук (или мечкин лук) одамна помина, овие лепчиња секогаш можете да ги направите со додавање на некои други зеленила.




Можете да додадете спанаќ на нив; можете по печењето да ги премачкате од едната страна со мешавина од маслиново масло и ситно сечкан лук или пак да ги направите без никакви додатоци, како што можеби најчесто ќе одлучите да ги правите.
На тој начин, наан е одлична замена за „обичен“ леб, или може да го користите наместо тортиља. Секоја пролет можете да ставате малку див лук во замрзнувач, да го имате цела година и да го користите како додаток на разни печива.




СОСТОЈКИ (ЗА 6 ПАРЧИЊА):
- 375 гр бело брашно
- 5 g сув квасец
- 1/2 лажичка прашок за пециво
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка шеќер
- 200 мл топла вода
- 2 супени лажици маслиново масло
- 20 гр свежо измиен див лук/ спанаќ




ПОДГОТОВКА:
Во еден сад измешајте ги просеаното брашно, солта, прашокот за пециво, шеќерот и квасецот. Додадете топла вода (почнете со 150 мл), потоа масло и на крај ситно сецкан див лук.
Се меша со лажица, па се продолжува со месење со раце и се додава вода доколку е потребно. Замесеното тесто ставете го во сад, покријте го со крпа и оставете го да стаса на топло место околу 45 минути.




Нараснатото тесто поделете го на 6 топчиња со еднаква тежина, покријте го со крпа и оставете да отстои околу 10 минути. Секое топче расукајте го во круг со сукало и печете го на загреана тава (само пред првото лебче ставете малку масло на тавата), прво од едната, па од другата страна.
Испечените лепчиња наредете ги едно врз друго во поширок сад (тава), за да можете одозгора да ги покриете со алуминиумска фолија. На овој начин наанот ќе ја задржи својата мекост и еластичност, а ќе остане топол подолго.



