Дали знаете дека во душекот од вашиот кревет има милиони мртви клетки на кожата, прашина и грини?! Не постои човек кој не поминува барем неколку часа во креветот секој ден.




Без разлика дали го користите само за ноќен одмор или сакате да се гушкате преку ден, да грицкате нешто со филм, ова удобно парче мебел дефинитивно е едно од оние во кои сакаме да поминуваме време.
Но, малкумина размислуваат да го исчистат! Дали знаете дека во душекот од вашиот кревет има милиони мртви клетки на кожата, прашина и грини?!




Да не зборуваме за потта што ткаенината ја апсорбира! Затоа треба итно да почнете да го чистите. Но како?
Една жена по име Мелиса Мејкер открила одличен и многу евтин начин да го направи тоа. Имено, таа секојдневно истура сода бикарбона на душекот!




Се што ви треба се околу 200 гр сода бикарбона која ќе ја посипете на душекот. Оставете да делува 30 минути, а потоа исчистете со правосмукалка.
Покрај тоа што отсега ќе спиете во здрава „средина“, вашиот кревет ќе мириса и прекрасно! Практикувајте да го вакумирате душекот пред и по чистењето со магичниот бел прав.






