КАКО ДА ГО ВРАТИТЕ ДУШЕВНИОТ МИР – 6 НАЧИНИ ДА ГИ ВРАТИТЕ УМОТ И ДУШАТА ВО РАМНОТЕЖА: Еве што треба да направите

Доколку чувствувате дисхармонија, постојан замор, незадоволство, ова се сигурни знаци дека сте психички исцрпени, а тоа секако влијае на вашиот душевен мир. Еве како да го вратите и да се справите со стресот.

Современиот животен ритам воопшто не го штеди нашето ментално здравје. Секојдневниот стрес на кој сме изложени и претераната работа ни се постојани придружници.

На крајот од денот, често не ни останува сила за ништо, освен да се вратиме дома и да си легнеме. Често не станува збор за физичка исцрпеност, многу занимања вклучуваат повеќечасовно седење и постојана концентрација, што доведува до многу поопасен ментален замор.

Мирот на умот кој е толку неопходен за исполнет живот постепено исчезнува. А без него никогаш нема да бидеме задоволни, постојано ќе чувствуваме раздор, како нешто да ни недостасува. Оваа состојба има штетно влијание не само на душата, туку и на нашето тело.

Докажано е дека луѓето со нестабилна состојба на умот почесто се разболуваат. Подложни се на сериозни кардиоваскуларни заболувања, а нервната напнатост, постојаниот стрес и замор влијаат и на развојот на малигните заболувања.

Како да го вратиме душевниот мир и да почнеме повторно да уживаме во животот?

1. Одговорот на ова прашање лежи во едноставните нешта – пред се во вршењето на работата што ја сакаме и која не води. Ако сакаме да правиме нешто, ќе ни биде многу полесно да ги извршуваме задачите, да му се посветуваме секој ден со повеќе енергија и ревност.

2. Сепак, и работата која најмногу ја сакате да ја работите не треба премногу да ве исцрпува. Треба да најдете време за пауза, за одмор. Дури и едноставна прошетка за време на паузата за ручек може да ви го врати мирот.

Потребно е само половина час за да се ресетира мозокот, да се заменат бројките, колоните, буквите на тастатурата со слика од парк, сонце, кучиња кои трчаат, деца кои играат… Погледнете го зеленилото, врвовите на дрвјата, цвеќињата. ..

Ако не сте во можност да излезете, можете само да седите на работното место и да медитирате со затворени очи. Оваа активност можете да ја практикувате и дома. Создадете своја мала зен оаза, мирна и тивка, пуштете релаксирачка музика и запалете миризлива свеќа.

Исклучете се од сè – од сите обврски и барања, барем на неколку минути. Доколку претпочитате физичка активност од релаксација наместо медитација, слободно практикувајте ја пополно неделно.

Вежбањето ја ублажува напнатоста и стресот, после тоа се чувствуваме многу подобро и затоа физичката активност е една од најдобрите терапии против стрес. Психолозите веруваат дека спортот помага да се зголеми менталната издржливост. Тренира волја, не учи полесно да се справуваме со тешкотиите.

3. За да го вратите душевниот мир, освен одморот, мора многу јасно да си ја организирате работата. Секој ваш ден треба да започне со правење план за следниот ден. Ова е толку едноставен психолошки трик кој ќе ги доведе во ред вашите мисли.

Неопходен е план за да ја организирате вашата работа, да поставите приоритети и соодветно да ја распределите енергијата. Ценете го бидејќи тоа е вашиот ресурс и не трошете го на работи кои само ви ја одземаат силата.

4. Исто така, на мирот значително влијае и околината: вашето работно место, осветлувањето, личниот простор. Дури и удобноста на креветот влијае на состојбата на умот. Обидете се да си го направите животот што е можно поудобен.

Отстранете се што ви пречи, што не ви се допаѓа. Ако ве боли грбот на работа, купете си подобра столица која ќе биде добра потпора за грбот. Тоа е само една мала работа, но толку важна за мирот на умот, како и добар душек за спиење, бидејќи спиејќи или седејќи на работа губиме голем дел од нашите животи и затоа е важно да го олесниме колку е можно за нас самите.

5. Се што ве опкружува треба да ви го подобри расположението, да ве насмее уште од раните утрински часови. Доколку сакате цвеќиња, во работниот простор ставете неколку саксии со растенија кои имаат антистрес ефект или збогатете го просторот со вашиот омилен букет цвеќе. Најдете што ве прави среќни и приуштете си го тоа.

6. На душевниот мир влијаат и луѓето околу нас. Често поради лошата атмосфера во тимот се чувствува морална исцрпеност. Затоа внимателно погледнете ја околината. Можеби таму има личност која е енергетски вампир, која ја расипува хармонијата и на сите им го уништува денот.

Ако не можете да ја заобиколите, тогаш обидете се да ги зајакнете своите одбранбени механизми – не реагирајте на нејзините потсмевки и забелешки, жестоки коментари. Кога ќе сфати дека нејзините каснувања не влијаат на вас, ќе ја бара следната жртва.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...