Како во животот да го привлечете она што најмногу го сакате? Дипак Чопра го открива Законот за давање и примање во космосот кој привлекува радост, љубов и изобилство!




Како да го добиеме она што го сакаме? Индискиот гуру Дипак Чопра открива дека најлесниот начин да го привлечете исполнувањето на желбите е да им помогнете на другите да го добијат она што го сакаат. Овој принцип важи за сите – и на деловен и на емотивен план.
Ако сакате да уживате во сето она што е добро во животот, научете тивко да го благословувате сето она што моментално е добро во животот. Во Универзумот постојат закони за давање и примање – едното не може да функционира без другото.




Ништо не е неподвижно. Вашето тело е во постојано движење и е во постојана размена со телото на Универзумот; вашиот ум динамично комуницира со космичкиот ум; вашата енергија е израз на космичката енергија.
Затоа за да го одржите богатството и изобилството во вашиот живот – или што друго сакате – треба да давате и примате. Текот на животот не е ништо друго освен хармонична интеракција на сите елементи и сили кои го формираат просторот на постоењето.




Дипак Чопра истакнува дека колку повеќе давате, толку повеќе ќе добивате, бидејќи ќе го задржите изобилството на Универзумот да циркулира во вашиот живот. Всушност, се што има вредност се множи само кога ќе го подарите.
Најважната работа во вашето давање и примање е намерата. Намерата секогаш треба да го прави оној што дава и давателот да се чувствуваат среќни, бидејќи среќата е она што го одржува животот, а со тоа и создава раст.




Она што го добивате е правопропорционално на она што го давате, доколку не поставите никакви услови и го правите тоа со целото свое срце. Затоа давањето треба да биде радосно – да се прави од срце, не очекувајќи ништо за возврат. Тогаш енергијата зад чинот на давање ќе се размножи.
Всушност, многу е лесно да се примени Законот за давање во пракса:




-ако сакате да примате радост, дајте им радост на другите;
-ако сакте љубов, научи да давате љубов;
-ако сакате внимание и признание, научете да давате внимание и признание;
-ако сакате материјално изобилство, помогнете им на другите да го стекнат.
Дури и мислата за давање, мислата за благослов или едноставна молитва има моќ да влијае на другите. Чопра пишува дека животот е вечен танц на свеста, кој се изразува во динамичната размена на импулси на умот помеѓу микрокосмосот и макрокосмосот, помеѓу човечкото тело и телото на Универзумот, помеѓу човечкиот ум и космичкиот ум.




Додека учите да го давате она што го сакате, му давате енергија на танцот и ја внесувате вашата кореографија во него, исполнувајќи ја со совршени, енергични, животворни движења кои го создаваат вечниот ритам на животот.


