Вашите кујнски крпи ќе бидат како нови по овој метод на чистење




Без разлика која машина за перење ја користите, крпите понекогаш задржуваат лош мирис дури и по перењето, а понекогаш дамките и флеките исто така не се отстрануваат.
Еве еден стар метод за дезинфекција и длабинско чистење на секаков вид на ткаенина (крпи, пешкири, сунѓери, ткаенини од трулекс..), а крпите изгледаат многу почисти отколку кога ги перете во машина.




Потребни состојки:
- топла вода
- таблета за машинско миење на садови
- неколку капки есенцијално масло по ваш избор
Начин на подготовка:
Ставете ги крпите во поголемо тенџере, прелијте ги со зовриена вода и вклучете го шпоретот. Вметнете една таблета за миење садови. Оставете да се вари 2 минути, па намалете ја топлината и оставете така 5-10 минути, па процедете ги и добро исплакнете со чиста вода.




Плус совет: Ако сакате вашите крпи да мирисаат убаво, само додадете малку есенцијално масло по ваш избор во последната вода за плакнење.






