Како да одгледувате ЈАГОДИ МЕСЕЧАРКИ во висечки саксии? За КРУПЕН И СЛАДОК ПЛОД, следете ги овие четири совети

Покрај тоа што ќе изгледаат декоративно, во јагодите месечарки можете да уживате до првите мразови.

Сортата на јагодите месечарки (постојано раѓаат) континуирано раѓаат во текот на вегетацијата, и тоа од средината на мај до појавата на првите есенски мразови. Ќе ги споделиме со вас сите важни информации за да можете да уживате во успешен род.

Садење
Ако садите јагоди во саксии, треба да има растојание од најмалку 20 см помеѓу растенијата. Кога ќе ги добиете садниците, ги вадите и ги засадувате во влажна почва. Само жилите на садниците влегуваат во земјата, за да не изгнијат растенијата. Не ја полевајте почвата во саксии, се додека почвата е влажна.

Почвата или смесата почва за саксии мора да бидат квалитетни и да се мешаат со компост, а во смесата можете да додадете и малку песок. Има и земја што е само за јагоди – купете ја како таква – што е најдобро за вашите растенија.

Обидете се да изберете ладен и облачен ден за садење јагоди. Премногу топлина или изложување на сонце може да ги оштети младите растенија или да го спречи нивното растење.

Минималната изложеност на сончева светлина во времето на садење ќе ги подготви растенијата за изложување на директна сончева светлина во текот на сезоната на растење.

На растенијата ќе им требаат најмалку 6-8 часа сончева светлина, особено за време на сезоната на растење. Освен тоа, 10 часа изложување на сонце ќе биде корисно за развој на силно растение и подобри плодови.

Затоа, погрижете се растенијата да бидат на место каде што има доволно сончева светлина. Колку повеќе сончева светлина, толку е повкусно овошјето.

Во случај на висечки саксии, свртете ги растенијата во текот на денот, така што целото растение добива еднакви количини на сончева светлина.

Прихрана
Јагодите се хранат преку лисја, наводнување или ѓубрива растворливи во вода. Постојат различни видови на додатоци кои можете да ги набавите во аптека.

За природна исхрана на вашите јагоди, која ќе ги заштити од инсекти, искористете го следниот рецепт: лажица сода бикарбона добро измешајте со 2 литри вода и на тој начин прскајте ги растенијата 2 недели – превентивно.

За најдобар род
Кога јагодите се во саксијата, пред зимата покријте ги со најлон или ставете ги во помошна просторија – а понекогаш и полевајте ги. Отстранете ги сувите лисја доколку ги има, како и ластарите.

Се препорачува кога првпат ќе засадите јагоди во саксија, да ги отстраните првите цветови и ластарите кои растението ги фрла во првите месеци за да растат добро растенијата во саксиите и плодот да биде голем.

После тоа оставете максимум 3-4 ластари во текот на годината – се разбира малку пократки, бидејќи можат да пораснат и до метар во должина. Така растението ќе расте здраво и силно, а во иднина ќе има и подобар принос.

Наводнување
Иако одгледувањето јагоди не е ниту напорно ниту комплицирано, постои еден важен фактор кој директно влијае на плодноста – наводнувањето. Почвата мора да биде добро наводнувана, но не и прекумерна.

Ако почвата е заситена со вода, корените ќе почнат да гнијат. Затоа, треба да бидете сигурни дека почвата не е премногу влажна по наводнување. Сад со многу отвори за одвод на дното или висечки саксии се најпогодни за тоа.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...