Дали некогаш сте се запрашале зошто ни е толку тешко да стануваме рано наутро, без разлика дали не сме наспиени или едноставно не сакаме да поминеме уште еден здодевен ден на училиште или на работа?
Дали сакате при слушање на Вашиот утрински аларм, наместо да користите перници или други средства за да го запрете, да го елиминирате со насмевка на лицето, да се истегнете убаво и да станете ентузијазирани за нов и необичен ден?
Еве неколку предлози за тоа како да добиме позитивизам рано наутро и да станеме со расположение за работа или училиште:
Зошто да не? Ставете слика во рамка на Вашата ноќна маса од Вас и Вашите најблиски. На овој начин, во моментот кога ќе се разбудите, ќе се потсетите дека има луѓе кои многу Ве сакаат, Ве почитуваат и чекаат да ги видат Вашите насмеани, сонливи лица.
Ставете си исто така и неколку ведри мисли кои можете да ги прочитате набрзина (мислите може да бидат напишани во форма на картичка). Еве неколку такви мисли:
“Смеењето е сонце што ја оддалечува зимата од лицето на човек.” (Виктор Иго)
“Да се занимавате со работата што ја сакате, значи дека постои основен предуслов за постигнување изобилство во животот.” (Вејн Даер)
“Те сакам не поради тоа што си, туку поради тоа што сум кога сум со тебе.” (Габриел Гарсија Маркез)
“Единствената среќа во животот е постојаното стремење напред.” (Емил Зола)
“Мисли, верувај, сонувај, ризикувај!” (Волтер Елиас Дизни)
Истегнете се заедно со сончевите зраци во ритам на некоја заживувачка и весела музика, во комбинација со арома на утринско кафе или чај со лимон. И дали го осеќате мирисот на појадокот од препечен тост – добро, зарем повеќе не мириса на насмевки?
Да, така е, но и да слушнете од Вашите најблиски: „Имајте убава работа!“, „Среќно на испитот или тестот!“, „Порази ги денес, веруваме во тебе и твоите вештини!“, „Јас те сакам, мила! “,” Колку си убава денес! ” и така натаму. Ова се работите што го исполнуваат утринското будење со насмевки, нели!