Членови на руското друштво на сомнолози (дијагностичари и терапевти за нарушувања на спиењето) советуваат како да спиеме на топлото време без климатизација.
Навлажнувачот во спалната соба не е излишен. Ако нема навлажнувач, тогаш можете да ставите сад со ладна вода. Ова нема да ја излади просторијата, но ќе создаде дополнителна влага. Но, сепак климатизерот е најдобрата опција во овој случај.
Во отсуство на климатизација, прозорците мора да се отворат. Но, во просторијата каде што спиете, потребно е да ги спуштите завесите и да ги затворите прозорците, за просторијата да не се загрева.
Специјалистите исто така советуваат на топлото време да се спие без покривка или да се користи ленена или памучна покривка.
Исто така на премногу топло време не треба да се обвиткуваме во синтетички ќебиња бидејќи тие спречуваат кожата да дише.


