КАКО СЕ ПРАВИ ПИЦА ЛЕБ: Најлесен рецепт за тесто – светски познат специјалитет (ВИДЕО)

Испечете густа кора што наликува на леб и наредете ги состојките за пица, па печете.

Нема човек на светот кој не пробал пица или леб.Секоја земја има свој рецепт за приготвување на двете овие јадења, но најдобар начин да уживате во вкусот максимално е да ги комбинирате и да направите пица леб.

Комбинацијата од состојки ќе го воодушеви секој вистински љубител на тестото, а најчесто се јаде кога малку ќе се излади.

Одличен предлог е за ужина или вечера, а не се чека тестото да нарасне, само брзо замесете го и наредете ги останатите состојки. Уживајте!

Состојки:

  • 2 чаши брашно
  • 1,5 лажички прашок за пециво
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • 1/2 лажичка сол
  • 1 јајце
  • 1 чаша млеко
  • 1/4 чаша кисела павлака или јогурт
  • 3 супени лажици маслиново масло

Уште:

  • 2,5 чаши сечкано тврдо сирење
  • 1/2 шолја сос од домати или пелат
  • 1/4 црвен кромид
  • 1/2 зелена пиперка
  • 1/4 чаша сецкани маслинки
  • 50 гр шунка по избор

Во сад измешајте брашно, прашок за пециво, сода бикарбона и сол. Добро измешајте, а во друг сад изматете ги јајцата, млекото, јогуртот и маслиновото масло. Соединете ги двете смеси и измешајте за да добиете тесто.

Додадете една шолја ситно сечкано сирење и добро измешајте со рацете. Намачкајте ја тавата со масло, па ставете хартија за печење, па истурете го тестото и убаво развлечете го.

Намачкајте сос од домати, па додајте сечкан виолетов кромид, бибер, маслинки и шунка. Печете во загреана рерна на 180°C околу 25 минути, потоа ставете алуминиумска фолија и печете уште 15 минути.

Се лади во тавата 10 минути, а потоа се отстранува и се лади уште 10 минути. Можете да посипете со оригано. Во видеото подолу е објаснета целата постапка детално. Добар апетит!

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...