Како да го користите кимот за слабеење – измешајте го со една намирница која веќе ја имате во кујната!




Ким – зачин кој најчесто го јадеме на пецива, но научните истражувања покажуваат дека овој ароматичен зачин има одлично дејство доколку сакате да ослабете.
Можеби сте слушнале дека додека готвите мешунки, во садот треба да се додаде малку ким за да се намали ризикот од надуеност. Сепак, малкумина знаат дека кимот е зачин кој слабее, а еве како да го искористите!




Научниците од Институтот за медицински науки Шахид Садуги во Иран, додека ги истражувале ефектите на овој зачин, откриле дека луѓето кои јадат по една лажичка мелен ким секој ден губат тежина три пати побрзо од луѓето кои се на диета, но не го консумираат зачинот.
Во студијата учествувале 88 жени со прекумерна тежина. Сите испитаници биле на диета, намален внес на калории, но само половина јаделе 3 грама ким во прав измешан со јогурт со малку маснотии.




Резултатите по 3 месеци покажале дека жените кои јаделе ким изгубиле 1,5 килограми повеќе од другите испитаници. Исто така, нивото на телесните масти е намалено за околу 14 отсто, додека кај жените кои не консумирале ким, процентот на масти е намален за 4,9 отсто.
Кимot позитивно влијае на намалување на холестеролот, како и на забрзување на метаболизмот. Друга предност на кимот што го прави добар избор за здравје и слабеење и позитивното влијание на цревата и варењето.




Кимот историски се користел за лекување на дигестивни состојби, вклучително и варење и чир на желудникот. Неколку мали студии кај луѓе покажаа дека маслото од ким го релаксира мазното мускулно ткиво на дигестивниот тракт, а со тоа ги ублажува симптомите на варење како гасови, грчеви и надуеност.
Се препорачува да се конзумира ким со јогурт во мелена форма, како што е споменато погоре, но можете да го додадете и во разни јадења, салати, месо, како и во некои пијалоци.






