Што ве чека во љубовта за време на студениот и маглив октомври? Денес ќе дознаете кои хороскопски знаци имаат најголеми шанси за флертување, а зошто да не и за средба со големата љубов?




Во продолжение ви ги откриваме трите хороскопски знаци кои ќе бидат најсреќните во љубовта во октомври. За некои може да биде месец на задевање, за други да ја зајакнат старата љубов, а за други да донесат судбоносна нова средба.
Скорпија – нема да ви биде лесно во однос на љубовната возбуда што претстои. Нема да знаете по кој пат да одите и ќе се прашувате која е вистинската личност за вас.
Во моментов, двајца луѓе кои се потполно спротивни се борат за вашето внимание. Послушајте го своето срце, тоа го знае одговорот.




Риби – ќе се чувствувате попожелно и секси од било кога. Има нешто во воздухот околу вас, и меѓу вас и определена личност летаат неочекувани искри што може да се претворат во прекрасен оган овој месец.
Девица – сакате малку да се одморите од љубовта и сите чувства и емоции, но ова дефинитивно нема да ви се случи во октомври. Всушност, на хоризонтот се појавува некој на кој не му дадовте шанса пред некое време, но сега се чини дека работите се сменија и може да го видите во поинакво светло.


