Колку често треба да го менуваме градникот?

Проучување посветено на „врзката“ помеѓу жените и нивните градници открива мала тајна – повеќето жени ги користат околу шест години пред конечно да „раскинат“ со нив, пишува „Daily Express“.

Истражувањето, нарачано од страна на синџирот Debenhams, исто така покажува дека речиси 10% од понежниот пол носат ист градник цела недела без да го исперат. Истиот процент од учесници во анкетата признаваат дека во фиоките за долна облека им се „кријат“ и градници од 11 годишна возраст.

Најстроги за овој тип долна облека се жените над 65 години од Северна Ирска – над 50% од нив ги менуваат градниците на секои два дена. Студијата открива и дека голем дел од понежниот пол се срамат при проба на градник. Исто така, излегува дека многу дами не се целосно свесни за големината на градникот.

„Шокантно е што милиони жени во Велика Британија се потпираат на истиот градник повеќе од 10 години. Со оглед на тоа што не би носеле ист пар чевли толку долго, зошто го прават тоа со градниците? “, вели експертот за долна облека Ализа Риџер.

Специјалистката потсетува дека со текот на времето женското тело се менува, а градникот, носен и испран безброј пати, ја губи својата еластичност. По 10 години употреба, ова парче долна облека за кое станува збор повеќе не е во состојба правилно да ги држи градите и може да предизвика увиснување, па дури и болка.

„Долната облека е основата на нашата облека за светот и важно е да ни биде прилагодена по мерка и да направи да се чувствуваме привлечно. Соодветниот градник го менува одењето, држењето на телото, па дури и начинот на кој зборуваме“, додава Ализа Риџер.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...