Жителка на американскиот град Трентон, Охајо, долго време не ја забележала сопствената бременост. Таа верувала дека сите нејзини чудни чувства се предизвикани од формирање на камења во бубрезите.
25 годишната Кејтлин Перкинс мислела дека таа и нејзиниот сопруг не можат да имаат деца поради здравствени проблеми. Овој заклучок го донеле лекарите. Двојката се обидувала да роди бебе година и пол, но сите тестови биле негативни.
Перкинс наскоро била принудена да оди во болница со жалба за болки во стомакот. Покрај тоа, самата жена верувала дека има камен во еден од бубрезите.
Сепак, “каменот во бубрезите” се покажал дека бил плод. Перкинс веќе била во 38 -та недела од бременоста. Лекарите одлучиле да и направат итен царски рез. Бебето било реанимирано 25 минути по раѓањето, потоа неговата состојба била стабилна.


