Оваа моќна амајлија сите треба да ја имате дома. Донесува моќ, сила и среќа!




Во фенг шуи културата на уредување на домот, различни талисмани и амајлии се користат за привлекување добра енергија, изобилство, благосостојба и среќа. Едни од најпознатите секако се кинеските монети, односно кованиците.
Оваа популарна амајлија се користи за привлекување на енергијата на богатството и парите, но и за заштита на домот од лошо и привлекување добра енергија. Доколку сакате да имате кинески монети во вашиот дом, важно е да ги поставите на вистинското место во домот според принципите на фенг шуи.




Според фенг шуи стручнаците, најдобро е амајлијата да ја поставите во југоисточниот дел од домот или канцеларијата. Кинески монети во различни варијанти можете да ги најдете во продавниците за фенг шуи, како и во продавниците кои продаваат предмети за украсување на домот.
Монетите не мора да се истакнуваат, но слободно можете малку да ги сокриете, па во ред е да ги чувате во фиока. Важно е само да се наоѓаат на југоисточната страна од вашиот дом.






