Природно и без вештачки адитиви




Маслото од чили е одличен избор кога сакате да зачините некое јадење и да му додадете зачинета арома. Се прави од само три состојки, а е одличен додаток за салати, готвени јадења, како и тестенини.
Ви треба минимум време и ќе добиете одличен чили сос без никакви вештачки додатоци.




Состојки:
- 2 чаши масло (сончогледово или маслиново)
- 2 лажици сушен чили пипер во прав
- 2 цели чили пиперки
Подготовка:
Во тава загреана на шпорет додадете две лажици масло (повеќе се препорачува да користите маслиново масло), потоа додадете мелен чили пипер и две цели пиперки.




Динстајте неколку минути, додека пиперките не поруменат. Потоа додадете го остатокот од маслото и малку загрејте ја смесата. Тргнете го од шпорет и оставете го целосно да се излади на собна температура.
Кога ќе се излади, истурете ги во стаклена тегла заедно со целата пиперка.
Да се чува на темно место.



