Евтин и брз совет за чистење на постојана нечистотија на површината помеѓу плочките. Никој не сака да гледа валкани фуги во својот дом, но тоа не е редок проблем во многу домаќинства.




Сите знаеме дека нечистотијата лесно може да се „навлече“ меѓу керамичките плочки, а не е лесно да се отстрани. Дополнително, црната боја помеѓу фугите прави бањата или кујната да изгледаат многу повалкани отколку што може да биде.
Сепак, фугите не треба да се чистат со жица бидејќи само плочките околу нив може да се оштетат. Обидете се да ги исчистите со помал предмет, како четка за заби.




Така ќе бидете попрецизни, а четката е доволно силна да ја исчисти нечистотијата, без да се оштетат плочките попатно! Можете и сами да направите паста за чистење.
Едноставно: натопете ја четката во белилото, а потоа втријте го просторот помеѓу плочките. Избришете ги фугите со влажна крпа и оставете да се исушат.




Ќе ви биде потребно:
- сода
- оцет
- вода
Измешајте ги состојките, намачкајте ја четката, а потоа тријте ги фугите со четката додека не ја исчистите целата нечистотија.






