За да заработиме мора да работиме, но понекогаш ни треба и малку среќа. Еве што треба да ставите во вашиот паричник за да привлечете повеќе пари и изобилство.




Иако парите не се гаранција за среќа, тие се незаменливи. Секој би сакал да има што е можно повеќе пари за да може да си го дозволи тоа што го сака, за да може да ги решава проблемите, да биде безгрижен, да си обезбеди удобен живот на себе и на своето семејство, за да може да си ги исполни желбите …
Иако треба да работите напорно за да ги заработите, има нешто што може да ви помогне. Тоа се одредени предмети и ритуали за кои се верува дека имаат моќ да привлечат пари и просперитет. Можете да ги ставите во вашиот дом или во вашиот паричник.




1. Напишете ги вашите желби на црвена хартија и врзете ја со црвен свилен конец. Ставете ја хартијата на местото каде што ги чувате парите или едноставно ставете ја во паричникот.
2. Се верува дека ловоровиот лист може да привлече среќа и богатство. На ловоровиот лист со маркер напишете го симболот за саканата валута и ставете го во паричникот.




3. Во Кина оризот е симбол на добар живот и изобилство. Се верува дека чувањето 21 зрно ориз во паричникот привлекува позитивна енергија, но и го спречува непотребното трошење пари. Не би било лошо редовно да ги менувате зрната за да привлечете свежа енергија.
4. Никогаш не дозволувајте вашиот паричник да остане празен! Нека остане барем една банкнота, само да не биде целосно празен. Исто така, се верува дека колку поголеми апоени имате, толку повеќе среќа и пари привлекувате.




Внимавајте да не чувате во него стари и искинати банкноти. Тие не носат изобилство, напротив! Доколку во паричникот чувате некои стари валути кои веќе не се во оптек, веднаш исфрлете ги.


