Каква храна треба да има на трпезата за Бадник – според симболиката и традицијата секое јадење има свое значење!




Бадник е радосен празник кој вклучува бројни обичаи и ритуали, а еден од водечките е дека семејството е собрано на празничната трпеза. На Бадник се приготвуваат само посни јадења, бидејќи се уште трае Божиќниот пост, кој се прекинува на Божиќ, 7 јануари.
Централниот дел на масата е окупиран од закуски направени од јаткасти плодови и сушено овошје. Најчесто се служат суви смокви, сливи, грозје, кајсии, а со нив и лешници, бадеми, ореви, кикирики.




Храната која се издвојува за Бадник се оревите, кои освен што се служат за јадење, се фрлаат во аглите на куќата како симбол на заштита од негативна енергија и сеќавање на предците.
На овој ден се јаде комбинација од мед и ореви, кои се чуваат и се консумираат за здравје по Бадник.




За Бадниковата вечера исто така се меси колаче со паричка, кое најстариот член на трапезата го дели на семејството и секое парче се нарекува за кој е. Парче бадниково колаче се дели и за Господ, куќата и други важни работи за семејството. Потоа се бара во кој се паднала паричката, па се смета дека ќе биде со најголем к’смет годината.
Потоа на трпезата, според традицијата, се служи риба, грав пребранац или тавче гравче и кисела зелка. Според етнолозите, гравот како симбол на трпезата се подготвува во чест на предците.




Порано постоело верување дека на овој ден не треба да се јадат компири, тикви и ориз. Покрај наведените јадења кои вообичаено се ставаат на трпезата, на Бадник се служат посни слатки, баклави и пити.
Порано на Бадник се јадеше на слама, а денес обично се фрла малку слама под трпезата. На сламата се редат слатки и подароци за деца.




Се верува дека на Бадник треба да се остане дома и да се помине празникот во љубов, добра енергија и радост со семејството. Бадник е ден на простување, па затоа треба да негувате добри односи и да избегнувате кавги.


