Променете ги овие пет работи и во вашиот дом ќе владее хармонија




Веќе сме на почетокот на септември, а крајот на летото го навестува претстојното доаѓање на есента. Листовите веќе полека почнуваат да пожолтуваат, утрата стануваат постудени, а деновите се значително пократки.
Промената на сезоната доведува до промена на енергијата, а со тоа и на нашето расположение. Со помош на мудроста и советите од фенг шуи филозофијата внесете рамнотежа и хармонија во вашиот дом, а во исто време неутрализирајте ги сите лоши и негативни работи.




Ова се 5-те промени кои треба да ги направите во вашиот дом пред почетокот на есента:
1. Предмети направени од метал
Есента е сезоната на металот, елементот за поврзување што ја претставува нашата природна тенденција да собираме работи и да се гушкаме внатре, во топол дом додека времето надвор станува постудено.




Додавањето елементи кои го симболизираат металот како тркалезни форми, сиви бои и метални предмети ќе ви помогнат да привлечете позитивна енергија.
Тркалезната форма на тиквите ги прави совршен додаток на вашата есенска декорација на трпезата и ќе го заштити вашиот дом од негативна енергија.




2. Ослободете се од стагнантната енергија
Застарената енергија живее во неред. Создадете беспрекорен проток на енергија во вашиот дом со тоа што ќе се ослободите од предметите кои повеќе не ви служат, кои се истрошени, оштетени…
Фрлете ги старите уреди, непотребните хартии и украси кои само собираат прашина, исфрлајте ги гардеробите и чевли кои не сте ги носеле со години…




3. Внесете повеќе светлина во домот
Како што дневните часови се скратуваат, внесете повеќе светлина и разубавете го вашиот дом со миење на прозорците.
Во фенг шуи, прозорците ги претставуваат „очите“ на домот. Нивното миење ни ја расчистува визијата и симболично отвора нови можности кои се веднаш пред нас.




4. Грижете се за вашите затворени растенија
Куќните растенија го прочистуваат и циркулираат чистиот воздух и внесуваат виталност во домот. Посебно се препорачуваат златен ползавец, бамбус, цитрус, билки, киви, замија…
5. Ставете ги јаболката на масата
Во филозофијата на фенг шуи, јаболката се симбол на изобилство.




Покажувањето чинија со црвени јаболка значи дека ќе имате доволно храна за да го нахраните вашето семејство оваа сезона, па слободно ставете ги овие зрели плодови на масата во дневната соба или трпезаријата за да привлечете благосостојба.


