Вашиот омилен газиран пијалок исто така може да ви помогне и во чистењето.




Најпознатиот газиран пијалок не е само омилено освежување после обилен оброк. Овој пијалок може да се користи на различни начини, поради што е многу корисно да го имате во фрижидер.
Гума за џвакање во косата
Звучи неверојатно, но всушност е ефикасно – најдобриот начин да ја отстраните гумата за џвакање од косата е да го потопите залепениот прамен во малку газиран пијалок, и да го оставите да отстои неколку минути.




Потоа отстранете ја гумата за џвакање со лесни движења. Ова е далеку подобро решение од ножиците!
Загорени маснотии
Ако ви се случило да ви загори храна за време на готвењето или да имате премногу извалкани тави кои не сте ги измиле на време, не очајувајте – најпопуларниот газиран пијалок во овој случај е ефикасен како индустриско средство против маснотии.




Во прилог е и фактот што газираните пијалоци се многу поздрави во споредба со индустриските средства за чистење. Истурете доволно од овој газиран пијалок во валканите тенџериња и тави пред миењето и оставете го „да си го направи своето“.
Пијалокот ќе ја кородира целата кора и тврдоглава маснотија, а после тоа само со сунѓер ќе ги отстраните остатоците, без тврдо триење и стругање со жица.






