Петте најштетни утрински навики

Станувањето рано наутро е нешто највообичаено за некои и најлошото нешто за други кои сакаат да спијат. Меѓутоа, без разлика дали станувате со првите петли или спиете до подоцна, секое будење е проследено со некои задолжителни активности.

Туширање, избор на тоалет, појадок .. проверка на профилот на социјалните мрежи. Можеби не сфаќате, но често правите работи што не се корисни и со текот на времето стануваат лоши навики. Во продолжение Ви ги набројуваме 5 -те лоши навики што ги правиме наутро.

1. Земање на долг топол туш. Престојот под топла вода е многу пријатен, особено во студените денови, но дефинитивно не е меѓу корисните работи што ги правите наутро.

Топол туш може да Ве заспие наместо да Ве разбуди, а освен тоа топлината ги релаксира мускулите и гi забавува отчукувањата на срцето. Резултатот од ова е што ќе се смирите и ќе почувствувате поспаност. Разбудете се со еден брз ладен туш што ќе Ви го подигне адреналинот и ќе го разбуди секој дел од Вашето тело.

2. Јаглехидрати за појадок. Топлите кроасани со чоколадо или баничка со сирење се омилен појадок пред почетокот на работниот ден.

Според едно проучување, ако избирате храна богата со јаглехидрати наместо протеини наутро, многу е поголема веројатноста во текот на целиот ден да имате желба за штетна храна полна со празни калории. Според нутриционистите, подобро е да јадете две варени јајца, кои ќе Ве одржат сити до пладне и ќе Ви се намали желбата за калорични тестенини.

3. Миење на забите веднаш после јадење. Миењето на забите после појадок, особено ако сте консумирале кисели работи како овошје и кафе, е доста штетно за глеѓта на забите.

Подобро е да ги миете забите пред појадок. Потоа јадете и исплакнете ја устата со чаша вода. Ако сепак сакате да имате чисти заби после јадење, почекајте половина час, а потоа измијте ги.

4. Одлагање на тренингот за подоцна. Вечерните планови за тренинг пропаѓаат многу почесто од утринските. Заморниот работен ден или спонтаното излегување на пијачка со колегите се прилично добра причина да ги одложите вечерните спортови.

Затоа, најдобро е да гледате да правите да можете да тренирате и да се испотите наутро. Ако немате доволно време за цел тренинг, направете само дел од него. Дури и 10-15 минути вежбање е корисно и тоа не Ве спречува да тренирате подоцна во текот на денот.

5. Проверување на Вашата е -пошта веднаш штом ќе се разбудите. Протокот на нови пораки рано наутро може да предизвика паника дури и пред да ги измиете очите.

Ова е исто така сигурен начин негативно да го започнете денот. Исто така, ако одговарате на пораки во сонлива состојба, поголема е веројатноста да направите грешки. Ако сепак Ви е важно да ги проверите пораките пред да одите на работа, направете го тоа кога сте се расониле доволно.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...