Обичаи и верувања за Пачиста недела – втора недела од Велигденскиот пост!




За време на велигденските пости секоја недела (седмица) има посебна духовна симболика, а оваа се вика Пачиста и доаѓа по Чистата недела. Оваа недела е посветена и на Свети Григориј Палама, архиепископ солунски и чудотворец.
Свети Григориј е учител и на исихазмот, мистично движење кое настанало на Света Гора, каде што и Григориј се замонашил.




Исихастите веруваат дека со концентрација, тишина и искрена молитва може да се доживее и види божествената светлина, каква што доживеаја светите апостоли за време на преображението Христово на Табернакулот.
Пачиста недела не потсетува дека треба постојано и повторно духовно да се развиваме. Честопати луѓето бараат духовност преку молитва и развој кога ќе се појават тешкотии.




Втората недела е симбол дека треба да се посветиме на духовниот раст и кога се е убаво и кога во животот владеат светли моменти, односно тогаш не треба да се заборави духовноста за таа светлина да трае долго.
Верниците постат во Пачиста недела за да го исчистат телото, но и срцето од негативните и лошите мисли, како и се воздржуваат од лошите дела. Постот е на вода целата недела, додека маслениот пост се практикува за викенд.






