Докажан рецепт за највкусниот домашен кечап кој гарантирано ќе ви се допадне!




Купечкиот кечап е полн со шеќер, има многу мал процент на вистински домати, како и други здрави состојки. Затоа најдобрата опција е вашата зимница да ја дополните со овој рецепт за домашен кечап.
Многу лесно се прави и не бара многу пари. Се конзервира со пастеризација.




Потребни состојки:
- 5 кг зрели домати
- 2-3 гранчиња лисја целер
- 40 грама шеќер
- 1 дл вински оцет
- 2 дл масло
- 3 ловорови листови
- 5 лути пиперки (ако сакате лут кечап)
- 1 лажица сол
Оваа количина на производи е доволна за осум помали тегли.




Начин на подготовка:
Измијте, исушете со кујнска крпа, а потоа ситно исечкајте ги листовите целер. Лутите пиперки исецкајте ги многу ситно. Излупете ги доматите и сомелете ги во блендер.
Ако имаме машина за правење сок од домати, која при мелењето ги одвојува лушпите од зеленчукот, може да ја користите. Во големо тенџере ставете го сокот од домати, загрејте го додека не зоврие, а потоа намалете ја температурата на многу тивок оган.




Додадете сечкан целер, масло, оцет, шеќер, сол, ловор и пиперки. Гответе онолку колку што е потребно за да ја намалите количината на 1/3, прво мешајќи повремено, а подоцна и почесто. Проверете дали кечапот е доволно солен, па посолете ако е потребно.
Изберете и измијте убави тегли кои не се оштетени, оставете ги да се исцедат, а половина час пред крајот на варењето на кечапот ставете ги на решетката во рерна, наопаку, да се загреат и добро да се исушат на 100°C.




Исклучете го шпоретот на кој се вареше кечапот и рерната. Отстранете една по една тегла со сува крпа и секогаш затворајте ја вратата од рерната за да не се изладат другите тегли.
Наполнете ги теглите со кечап користејќи мала лажичка или инка за полнење тегли. Под секој капак ставете парче целофан, за кечапот да не дојде во допир со капакот.




Ако немате капаци, ставете 2 парчиња целофан со две ластичиња. Завиткајте ги теглите во нешто топло, добро напикајте ги и оставете ги да се изладат следните два дена. Потоа чувајте ги на ладно и темно место.