Добар рецепт за нешто „солено“ секогаш е корисно да го имате при рака




Од кујната на баба доаѓа предлог за појадок или ручек. Брзо се подготвува и затоа е идеален за недела наутро, кога сакаме малку да се одмориме и да ги подготвиме силите за новата работна недела.
Ќе ви биде потребно:
- 200 мл. јогурт
- 2 јајца
- 150 гр брашно
- 100 гр шунка
- 50 мл. маслиново масло
- 2 лажици сечкани маслинки
- 1/2 прашок за пециво
- 50 гр рендано сирење
- малку сол




Подготовка:
Изматете ги јајцата, додадете брашно со прашок за пециво, сечканата шунка, масло, маслинки, рендано сирење и јогурт и се убаво изедначете.
Истурете во мала тепсија која сте ја подмачкале и посипете со брашно. Се пече на 200 степени околу 40 – 50 минути.Фантастичен вкус, се сервира разладено.






