Дојде време за смокви – исклучително здраво и слатко овошје. Иако се многу слатки, смоквите не бројат многу калории и се богати со разни витамини и минерали.




Доколку ви се допаѓа ова овошје, како и експериментирање со слатки и солени вкусови, ви предлагаме да направите појадок што ќе ве воодушеви. Покрај тоа што е вкусен, појадокот со смокви ќе ви го подигне имунитетот, а вие ќе понесете се што ви треба за да го започнете работниот ден.
Овој сендвич со смокви можете да го направите по ваш вкус – вие ги избирате состојките што ви се допаѓаат, од леб, сирење и ореви. Состојките за овој интересен сендвич се: смокви, мед, лимон, леб, сирење и ореви.
Заедно со четири исечени смокви, ќе ви требаат и две парчиња леб по ваш избор: ‘рж, без глутен или интегрален тост. За сирењето, предлагаме некои од следниве, како што е младо сирење со малку маснотии, рикота или пармезан, а исто така можете да земете фета, доколку сакате посилни вкусови.




Додека лебот се пече малку, измешајте го сирењето, половина лажичка мед и малку сок од лимон, а потоа оваа смеса ќе ја размачкате врз печените парчиња леб. Исечете ги смоквите и посипете ги со мелени ореви по ваш избор (лешници, бадеми, фстаци).


