Домаќинка открила трик за чистење на валканите стакла во рерната, кој сигурно не сте го знаеле.




Имено, една жена од Австралија открила дека со години не може да ги отстрани нечистотиите од двојното застаклување на рерната. Се обидела да го трие со сапун и разни средства, но некои делови останале недостапни.
Сепак, нејзиниот сопруг и покажал дека постои генијално решение кое го олеснува чистењето на рерната и ви овозможува без проблем да пристапите до целата површина: се што треба да направите е да го извадите стаклото од рамката.




Иако мислевте дека вадењето стакло бара посебни вештини или употреба на алат, видеото покажува дека оваа техника е толку едноставна – се што треба да направите е да го извадите горниот дел од рамката и нежно да го извлечете стаклото.
Сега можете лесно да го префрлите целото стакло во мијалник или када и добро да го истриете. Кога ќе завршите со чистењето, вратете го во рамката и добро прицврстете го.




Најпрво во сад истурете малку сода бикарбона, а потоа додадете вода, колку да се добие густа смеса. Потоа нанесете ја пастата што ја добивте на вратата од рерната и оставете ја да отстои околу половина час. Земете влажен сунѓер и почнете да триете.
Погледнете ја подолу во видеото целата постапка на вадење и чистење на стаклото од рерната.






