ТОПЛО ОКОЛУ СРЦЕТО: Руска ЛЕГЕНДА открива зошто пред нова година се украсува елка

Прекрасна легенда која сигурно ќе ве фрли во празнично расположение. Кога Исус Христос се роди во една пештера во Назарет, небото се отворило и целиот свет замолкна да го дочека раѓањето на Спасителот.

Единствената, светла ѕвезда на небото водеше тројца мудреци од Исток сè до Богородица и нејзиниот син кои ќе го спасат човештвото. Мудреците му се поклонија на идниот Спасител и ги донесоа своите дарови.

После тоа пристигнале овчарите, па и тие се поклониле, принесувајќи ги своите дарови.

Над пештерата растеле три дрвја – бор, кедар и ела.

Знаејќи на колку важен момент присуствуваат, и дрвјата посакаа да му дадат нешто на новородениот Исус и да се придружат на прославата на целиот свет.

Кедарот потоа ги затресе своите гранки и неговите игли паднаа пред пештерата, исполнувајќи го целото место со прекрасен мирис.

Борот ги затресе гранките и на земјата паднаа најубавите шишарки кои можеа да се запалат и на тој начин да ги загреат малиот Исус и неговата мајка.

Сиромашната елка тогаш горко заплака. Таа немаше ниту миризливи игли, ниту топли шишарки да подари. Таа навистина немаше ништо вредно да подарува, па беше ужасно тажна.

Солзите на елката ги виде блескава ѕвезда на небото. Многу ја трогнала искрената тага на оваа скромна елка која нема што да му даде на малиот Исус, па испратила мала ѕвезда да се спушти до самиот врв на елката.

Тогаш елката блесна со ѕвездена светлина која ја осветлува целата област и, поклонувајќи се, ја спушти ѕвездата пред пештерата за целиот свет да види дека таму лежи идниот спасител на човештвото.

Во чест на оваа стара руска легенда, во руските цркви и денес се украсуваат новогодишни елки. Кога украсуваме новогодишна елка и ставаме ѕвезда врз неа, всушност се сеќаваме на овој настан и на љубовта што ова дрво ја покажа кон Исус.

Подароците кои се ставаат под елката потсетуваат и на раѓањето на Исус Христос, бидејќи тоа е најголемиот подарок што им е даден на луѓето.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...