Појадокот треба да обезбеди доволно енергија и хранливи материи за почеток на денот. За време на Великиот пост често посегнуваме по веќе утврдени решенија – посни пецива, многу бело брашно и шеќер …




Дека тоа не мора да биде така и дека со малку труд и имагинација можете да појадувате здраво дури и за време на постот „на вода“ докажуваат три примери за убав оброк – сладок, солен и овошен појадок.
Слатка варена пченица
Иако обично ја подготвуваме за разни свечени пригоди, забораваме дека и пченицата може да биде секојдневна храна.




За поекономично готвење, натопете ја неколку часа или варете ја како нашите баби – оставете ја водата со зрната да зоврие кратко, а потоа завиткајте го тенџерето во топол агол преку ноќ.
За модерните домаќинки тој дел може да се направи со експрес лонец. Наутро пченицата поделете ја на порции, а вишокот слободно замрзнете го. И одмрзната, пченицата ќе биде многу вкусна.




Појадокот зачинете го со кафеав шеќер или мед, додадете цимет и доколку ви се допаѓа таквата комбинација можете да додадете и овошје. Во тегла или пластичен сад кој е херметички затворен, можете лесно да ја однесете на работа.
Наместо пченица, можете да готвите и излупен јачмен, кој е исклучително вкусен и здрав.




Палента со зеленчук
Проширете ги вашите хоризонти кога станува збор за палентата. Брзо се готви и ја отвора можноста за бесконечна комбинација како вкусна основа.
Послужете ги парчињата сварена палента со задушен грашок и моркови, а ако сакате медитеранска смеса, прелијте ги топчињата со сок од домати и посипете со оригано и јаглика.




Овошна салата со зеленчук
Мешањето на рукола, ротквица, кромид и зелка со портокали, ореви и банана ќе ви донесе ново гастрономско задоволство!
Изберете го овошјето и зеленчукот што најмногу ви се допаѓа, измијте ги и излупете ги, па малку посолете ги и зачинете ги со мешавина од мед и сок од лимон. Одлично ќе се вклопат и цвеклото, варениот компир, морковот …






