Што утре ќе ви донесе магичната низа 7-7 – еве зошто 7 јули 2022 година ќе биде посебен ден!




Огледалните броеви се истите броеви кои се повторуваат во датуми, знаци, симболи – нумеролозите веруваат дека тие имаат посебно значење.
Утре е 7 јули – датумот во кој владее енергијата на две седмици. Што ни носи серијата 7-7 и како да ја искористиме нејзината моќ?




Бројот 7 отсекогаш бил исклучително среќен број сам по себе, кој укажува на поволни околности. Кога ќе се спојат двете седмици заедно, тоа е симбол за наоѓање повисока цел.
Ова е денот кога можеме да бидеме страсни, динамични, аналитички. Иако може да се појават некои сомнежи и ранливости – но штом ќе одлучите во која насока сакате да одите, енергијата може сама да ве води.




Редоследот на броевите 7-7 е особено поволен на полето на љубовта. Романтичните души можат да имаат нова храброст, ќе бидат отворени во искажувањето на своите емоции, што може да ја промени љубовната ситуација во која се наоѓате моментално.
Тие се водени од своето срце, а тоа е она што ќе им го покажува вистинскиот пат на овој ден. Пораката на овој ден е да го почитувате она што ви го кажува срцето, да ги следите патиштата по кои ве води и да откриете што е тоа што треба да го промените.




Станете свесни за тоа кои работи во животот треба да се променат за да живеете подобро, посреќно, порадосно. Ваквите шанси ви се нудат под покровителство на енергијата од низата 7 – 7: искористете ги и зачекорете во реалноста што е достојна за исполнување, надвор од илузиите.


