Природните масни киселини во лененото семе му помагаат на телото да се бори со прекумерната тежина.




Жените знаат дека постојат илјадници и илјадници производи за кои тврдат дека помагаат при слабеење, затегнување на кожата и други проблеми. Не постои волшебно апче со кое ќе ослабете преку ноќ, но постои природна алтернатива – чај од ленено семе.
Лененото семе е богато со минерали, витамини и масни киселини. Овие соединенија помагаат за подобрување на варењето, го контролираат апетитот, па дури и можат да помогнат во намалување на нивото на шеќер во крвта.




Лененото семе содржи и лецитин, кој помага во чистењето на цревата. Природните масни киселини во лененото семе му помагаат на телото да се бори со прекумерната тежина.
Потребни состојки
- 1 литар врела вода
- 3 лажици ленено семе




Подготовка
Најпрво зовријте литар вода и прелијте три лажици ленено семе со врела вода. Навечер пригответе го чајот и оставете ја смесата преку ноќ.
Најдобро е да користите термос, но доколку немате, можете да користите секаков вид на сад со капак. Следното утро процедете ја смесата. Треба да добиете густа течност.




Конзумирање на чајот
Потребно е да се консумираат 150 мл чај 3-4 пати на ден, половина час пред секој оброк. Чајот ќе треба да го подготвите навечер, за да можете да го консумирате следниот ден.
Чајот секогаш треба да биде свежо подготвен. Овој чај пијте го непрекинато 10 дена, а потоа направете пауза 10 дена.




Можете да ја повторите постапката додека не ги постигнете посакуваните резултати. Важно е да пиете многу вода во текот на целиот период на користење на чајот.
Наскоро ќе забележите позитивни промени на вашата кожа. Кожата ќе стане посилна, поеластична и поздрава, а најдоброто од се е, откако ќе го изгубите вишокот килограми, вашата кожа нема да се опушти.




Забелешка
Луѓето кои страдаат од проблеми со камења во црниот дроб и бубрезите не треба да консумираат чај од лен.


